Новогодишните празници стигнале порано за еден бездомник во Париз кој, како што се сомнева полицијата, сосема случајно си заминал од аеродром носејќи две кеси со околу 300.000 евра.
Мажот одел низ складишните простории на аеродромот Шарл де Гол и наишол на отворена врата во менувачница. Влегол и земал две вреќи пари кои таму ги затекнал.
Истражителите кои ги потврдиле овие информации ова го нарекле „совршен злочин“, додавајќи дека полицијата не знае зошто вратите биле отворени во тоа време.
– Прво мислевме дека тоа е местенка, но се укажува на тоа дека човекот едноставно имал среќа. Тоа е неверојатно, рекол полициски извор.
Полицијата трага по бездомникот кој е во педесетите години, а претходно бил идентификуван од аеродромската полиција.
Спонзорирано: