23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро

Во Охрид се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро, согласно договорот меѓу Владата и Советот на министри на Република Албанија, потпишан 2004 година.

Состанокот го отвори градоначалникот на град Охрид, Костантин Ѓеоѓиевски а поздравни говори имаа и министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО – Едмонд Адеми и претставниците од Албанија. За време на пленарниот состанок за претседавач на Комитетот беше избран Костантин Ѓеорѓиевски,а за секретар градоначалникот на општина Поградец,Илир Џаколи.

Во продолжение беше усвоен деловникот за работа на Комитетот и се дискутираше за посетата на Реактивната мисија на УНЕСКО во Северна Македонија и Албанија, која треба да се оствари на крајот од овој месец.Воедно, беше одлучено наредниот состанок да се реализира во текот на месец јуни 2020 год./Makfax