5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Луксембург минималната плата изнесува 2.140 евра

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.

Паралелно со промената на индексот на плати на 1 јануари, забележано е зголемување и на бројните социјални приходи во Луксембург. Минималната плата за возрасно лице без квалификации е зголемена од 2,09 илјади евра на 2,14 илјади евра.

Минималниот за квалификувани работници е 2,57 илјади евра, што претставува зголемување од околу 63 евра во однос на претходниот период. Се зголемува и заработувачката на младите. За учениците на возраст од 15 до 17 години, минималната заработувачка е 1,6 илјади евра, што претставува зголемување од 39 евра. За учениците на возраст од 17 до 18 години, минималната заработувачка е 1,7 илјади евра, или 42 евра повеќе. Минималната пензија е зголемена на 1,9 илјади евра месечно./Makfax

Спонзорирано: