6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов закон: Ако сакате да гледате порно ќе мора да го скенирате пасошот

Новиот закон во Велика Британија налага граѓаните да ги скенираат пасошите и личната карта,  а дури потоа ќе смеат да гледаат порно видеа.

Британија на ваков чекор се решила за да ги заштити малолетниците од порнографски содржини.

Законот би требало наскоро да стапи на сила.

За да се задоволат дел од критичарите кои велат дека е проблематично скенирањето на личните документи и нивната циркулација онлајн, поради што се разгледува решение да се купуваат и пропусници за порно, на кои ќе има специјален код кој корисниците ќе можат да го внесат во пребарувачот кога ќе поскаат да гледаат порнографија.

Спонзорирано: