9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Проблематично слетување на скопскиот аеродром: Едно лице тешко повредено

Во текот на вчерашниот ден од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив повреден бил донесен 28-годишник од Скопје вработен во авиокомпанија како стјуард.

Како што информираат од МВР, било констатирано дека стјуардот се повредил во авион околу 18.05 часот истиот ден.

Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и добил тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во болницата. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: