Британската премиерка Тереза Mеј изјави дека насилството во Газа е „трагично и загрижувачко“ и дека е потребна независна истрага откако израелските сили пукаа на демонстрантите и убија десетици Палестинци.
„Мораме да ги утврдиме фактите за тоа што се случи вчера во транспарентна и независна истрага“, изјави Меј на прес-конференцијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Според неа, насилството и човечките жртви ги загрозуваат мировните напори.
Палестинците вчера протестираа поради отварањето на американската амбасада во Ерусалим.
Спонзорирано: