Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

СЕРИЈА КРАЖБИ ВО ПРИЛЕП: Младо лице нападнало малолетник и жени – поднесена кривична

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(24) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“.

На 12.04.2026, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон.

На 09.04.2026 од женско лице одзел чанта со пари, а на 11.04.2026 во аптека од вработената одзел мобилен телефон.