Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Пратениците Адили Емини и Бочварски учествуваа на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК, Грција

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, составена од пратениците Валбона Адили Емини и Благој Бочварски, учествуваа на 68. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Собранието се одржува од 23 до 25 ноември 2026 година во Атина, Грција.

Во своето обраќање, на генералната дебата која се фокусираше на темата „Повеќедимензионалното влијание на вооружените конфликти врз општеството, економијата, животната средина и човековите права“, пратеничката Адили Емини истакна дека вооружените конфликти остануваат еден од најсериозните предизвици за меѓународниот мир, стабилноста и одржливиот развој, нагласувајќи дека нивните последици далеку ги надминуваат боиштата и оставаат долгорочни политички, економски, социјални и еколошки последици.

Таа го потенцираше разорното влијание на конфликтите врз цивилното население, преку загубата на човечки животи, присилното раселување, разделувањето на семејствата и нарушувањето на образовните и здравствените системи. Истовремено, укажа на сериозните економски последици, меѓу кои уништувањето на инфраструктурата, прекинот на трговските текови и инвестициите, слабеењето на јавните институции и зголемувањето на притисокот врз националните буџети. Адили Емини се осврна и на загрозеноста на животната средина во услови на вооружени конфликти и потребата од нејзината постконфликтна реконструкција.

Таа истакна дека како парламентарци имаат посебна одговорност во справувањето со овие предизвици. Преку парламентарната дипломатија, дијалогот и соработката може да се придонесе кон зајакнување на демократските институции и промовирање мирни решенија.

Во тој контекст, посочи дека Република Северна Македонија, како членка на НАТО и земја посветена на интеграцијата во Европската Унија, препознава дека безбедноста и економската отпорност се тесно поврзани, а стабилноста на регионот е од суштинско значење за одржливиот развој, инвестициите, поврзаноста и благосостојбата на граѓаните.

Во рамките на 68. Генерално собрание беа разгледани и усвоени неколку извештаи и препораки. Тие се однесуваат на климатските промени кај земјите членки на ПАБСЕК, парламентарната поддршка за иновациите, како и законодавните приоди кон научните унапредувања и технологијата, како и за задржување на човечкиот капитал во Црноморскиот Регион: образование, здравствен кадар и дигитални вештини.

Парламентарното Собрание на ПАБСЕК усвои и Заедничка изјава која се однесува на враќање на украинските децата, како  и нивна заштита од незаконска депортација, присилно преселување, индоктринација и милитаризација.

Пленарната сесија на 68. Генерално собрание  ја отвори претседателот на ПАБСЕК и претседател на Парламентот на Грција, Никитас Какламанис, кој истакна дека мирот и безбедноста и во регионот на Црното Море и пошироко не смеат да се земат здраво за готово, туку преку соработка и промоција на дијалогот треба да се негуваат и постојано унапредуваат.

На 68. Генерално собрание на ПАБСЕК учествуваа делегации од земјите членки на оваа организација и тоа од Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Романија, Турција, како и Украина.

На состанокот единствен беше ставот дека заеднички и преку парламентарната соработка треба да се работи на тоа регионот на Црното Море да стане регион на можности, а не на предизвици.

Претходно беа одржани подготвителни седници на Бирото на Собранието и Постојаниот комитет на ПАБСЕК. На овие седници беа утврдени рамките за работата на Генералното собрание. Разгледани беа извештаите за активностите на ПАБСЕК и сродните институции.

 

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП Богородица

ДЕСК

Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии, подобро здравство со 58,7 милијарди денари, поквалитетно образование и подобар стандард

ДЕСК

Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

ДЕСК