Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Истанбул: Мирот бара политичка волја, соработка и одговорност

Пратеникот Оливер Спасовски учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарна унија, кое се одржува во Истанбул, Турција.

Во рамки на Собранието, Спасовски се обрати на седницата на Комитетот за мир и меѓународна безбедност, посветена на улогата на парламентите во воспоставување одржливи механизми за постконфликтно управување и градење траен мир.

Во своето обраќање, тој истакна дека мировните договори претставуваат само почетен чекор, додека одржливиот мир се гради преку силни институции, јасна правна рамка, отчетност и инклузивност.

Спасовски нагласи дека градењето мир бара континуирана политичка волја, соработка и одговорност, како и активно вклучување на сите општествени чинители.

Тој посебно ја истакна важноста на инклузивноста, потенцирајќи ја улогата на младите, жените и маргинализираните групи во процесите на одлучување, како клучен предуслов за стабилно и праведно општество.

Република Северна Македонија останува посветена на јакнење на институциите, унапредување на демократијата и активен придонес кон меѓународната соработка и градењето мир.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!

ДЕСК

Проширувањето на ЕУ и Западен Балкан во фокус на панел-дискусијата во Собранието

ДЕСК

Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

ДЕСК