17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во политиката на ЕУ доминира воената логика, предупредувајќи дека Брисел „игра со оган“ и дека вителот на војната може да ја вовлече Европа во пропаст.

Орбан на Фејсбук напиша дека има мнозинство во ЕУ кое е за војна и дека Западот е на прагот да испрати војници во Украина.

„Ние Унгарците знаеме како е војната. Доволно пати сме биле дел од тоа. Убеден сум дека мора да останеме надвор од оваа војна. Ова не е наша војна. Не сакаме војна и не сакаме Унгарија повторно да стане играчка на големите сили. Затоа мораме да се залагаме за мир – дома, во Брисел, Вашингтон, ОН и НАТО“, рече Орбан.

Според него, генералниот секретар на НАТО сака да воспостави мисија НАТО-Украина.

Орбан наведува дека европските лидери веќе влегле во војна со испраќање воена и финансиска помош за Украина и воведување санкции кон Русија.

Унгарскиот премиер укажува дека испраќањето оружје и финансиска помош не ја подобрува состојбата во Украина, туку само ја влошува.

Спонзорирано: