18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Михајловски: Законот за облигациони односи го руши правниот поредок и ќе доведе до зголемување на цените на услугите, чесните граѓани ќе го платата цехот за неплаќачите

Измените на законот за обигациони односи, со кои се предвидува отпис на побарувања постари од 10 години, се нарушува правниот поредок во државата, а се фаворизираат неплаќачите за сметка на плаќачите, вели во гостувањето на подкастот „Каде се парите? Со Горан Теменугов. https://pari.com.mk/ljubomir-mihajlovski-dzango-vo-kade-se-parite/.

 „Ние адвокатите застапуваме и доверители и должници. Овој Закон важи и за фирми. Со неплаќањето на обврските се внесува правна несигурност во трговијата, се нарушуват односите, во стопанството се појавуваат субјекти кои што се охрабруваат да не плаќаат. Ќе дојдеме во ситуација некои фирми да престанат да работат, а работниците да останат на улица“, предупредува Михајловски. Освен тоа, посочува и на прашањето што се наметнува – што со пресметаниот ДДВ или со веќе дадените завршни пресметки за данок на добивка што е платен. Исто така, тврди – доколку доверителите покренат тужби кај Меѓународниот суд во Стразбур, повеќе од сигурно е дека државата ќе ги изгуби пресудите. „Трошоците и штетите што ќе се пресудат, ќе мора да ги плати државата. Односно, ќе плаќаат сите граѓани“, вели и посочува дека таков пример веќе има. Што значи, има судска пракса, па Меѓународниот суд нема да решава различно кога веќе еднаш се произнел.

Претставници на компаниите веќе алармираа дека отписот на долгови ќе влијае врз зголемување на цените на услугите, особено на комуналните услуги. Редовните и дисциплинирани граѓани и компании кои на време си ги подмируваат обврските ќе го платат цехот на неплаќачите преку повисоки цени.  Веќе е поднесени неколку нови иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи. Иницијативата што ја поднесе адвокатот Љупчо Кузмановски се однесува на членот 2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО каде е наведено дека членот 368 се менува. Со овој член се предвидува застарување на побарувањата постари од 10 години. Во иницијативата се наведува: „со промената на оваа одредба категоријата на правни и физички лица, кои се доверители ќе бидат ставени во нерамноправна положба со што ќе се предизвика нивна дискриминација, за сметка на други правни и физички лица кои се должници кои ќе бидат привилегирани и ставени во поповолна положба“. Покрај тоа се наведуваат и низа недоречености и контрадикторности на други конкретни одредби во законот. Се очекува Уставниот суд да се произнесе по овие иницијативи.