Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжува изборната кампања, познато е каде кандидатите ќе имаат активности денеска

Продолжува изборната кампања за претседателските избори. Седумте кандидати и денеска со теренски актвиности.

– Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе има средби на граѓаните во Желино, Брвеница и со граѓаните на Теарце, а потоа тој ќе одржи митинзи во Јегуновце и во Тетово.

– Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска- Давкова ќе одржи митинзи во Зелениково, Бутел и Карпош.

– Претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата Стевчо Јакимовски во текот на денот ќе биде на средби со граѓани Крива Паланка.

– Кандидатката за претседател поддржана од Левица Билјана Ванковска ќе одржи средби со граѓаните на Струга и Охрид.

– Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари ќе има средби со граѓани во Паркот во Сарај, а вечерта ќе одржи собир во Куманово.

– Кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитроевски ќе биде меѓу граѓаните на Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани и вечерта во Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Како државотворна влада сè ќе сторам да најдам решение да се спасат вработените и доверителите на Алта банка, нема да банкротира како Еуростандард во време на СДСМ

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Што му кажа на Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка?

ДЕСК

Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

ДЕСК