13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Балтимор прогласена вонредна состојба: нуркачите се уште трагаат по исчезнатите, а температурата на водата е помала од 10 степени

Вес Мур, гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, прогласи вонредна состојба во Балтимор по уривањето на мостот. Нуркачите трагаат по 20 лица во реката која моментално е 9 Целзиусови степени.

„Работиме со меѓуагенциски тим за брзо распоредување на федералните ресурси“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа X.

„Ние сме им благодарни на храбрите мажи и жени кои вложуваат напори да ги спасат инволвираните и се молиме за безбедност на сите. Ќе останеме во близок контакт со федералните, државните и локалните ентитети кои спроведуваат спасувачки напори додека продолжуваме да ја проценуваме и да реагираме на оваа трагедија“, се додава во соопштението.

Досега две лица се спасени од водата.

„Едно лице одбило услуга и одбило транспорт, во суштина тоа лице не е повредено“, изјави началникот на полицијата во Балтимор, Џејмс Валас.