27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руските истражители ги испрашуваат семејствата на осомничените за терористичкиот напад во Москва: Русите итно отпатувале во Таџикистан

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените за нападот во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва, во кој загинаа 139 лица, изјавија за Ројтерс три таџикистански безбедносни извори.

Изворите, кои не беа овластени да зборуваат јавно, рекоа дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата на осомничените во Душанбе од различни делови на централноазиската земја.

На четворицата осомничени за нападот во Москва – Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсудин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов – рускиот суд им одреди притвор до 22 мај.

Руските медиуми претходно објавија дека сите четворица се државјани на Таџикистан.