Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Плус 200 евра за секо прво вработување на младите

-СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти, соопшти СДСМ.

„Во фокусот на програмата е унапредувањето на животниот стандард на сите граѓаните, пред се поддршката за младите.

Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

Од особено значење за младите е европската иднина на државата. Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.

Со СДСМ нема откажување од европскиот пат.

СДСМ посветено ќе работи на завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство во унијата до 2030 година.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК