22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за нови пресврти со времето – Метоецентар со детална прогноза!

До четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Прогноза за 16.05.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 17.05.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 18.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 23°C до 30°C

Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.