10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон: Не треба да се плашиме од Русија, таа е средна сила, економски послаба од Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека на Украина можеби ќе и требаат копнени операции од Запад во одреден момент.

– Не го сакам тоа и нема да покренам таква иницијатива, но можеби во одреден момент ќе бидат неопходни операции на теренот, какви и да се тие, за соочување со руските сили. Силата на Франција е во тоа што можеме да го направиме тоа – рече Макрон.

Еден ден претходно тој во Берлин се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск.

Повторените изјави на Макрон дека не сака да ја исклучи можноста за испраќање копнени сили во Украина предизвикаа загриженост кај сојузниците на Франција, пред се Германија, и речиси едногласно противење на француската опозиција.

Тој изјави за Le Parisien дека нема несогласување со Берлин во овој поглед.

– Нема стратешки разлики. Никогаш немало никакво недоразбирање меѓу канцеларката и мене. Имаме многу блиски погледи во однос на целите и ситуацијата. Начинот на кој ги изразуваме се разликува.

Германија има стратешка култура на голема претпазливост, неинтервенција и се држи настрана од нуклеарно оружје. Тоа е модел кој многу се разликува од моделот на Франција, која има нуклеарно оружје и ја зачува и зајакна професионалната армија – рече Макрон.

Тој најави и дека во наредните недели ќе го посети Киев.

– Германија троши повеќе од Франција, има повеќе буџетски простор, тоа е можност. А Франција, од друга страна, може да прави работи што Германија не може.

Не треба да се плашиме, не се соочуваме со голема сила. Русија е средна сила со нуклеарно оружје, но нејзиниот БДП е помал од БДП на Европејците, помал од германскиот, помал од францускиот – рече Макрон.

Спонзорирано: