11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавата стигна до Гриндавик: Исланд во срцето на најсилната вулканска ерупција од декември

По ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес во Исланд, лавата денеска стигна до источната одбрана на малиот евакуиран град Гриндавик, објавија локалните медиуми.

Силни и брзи текови на лава почнаа да течат доцна синоќа, но властите велат дека оттогаш значително се намалиле, објави Би-Би-Си. Активноста околу пукнатината, првично долга три километри, исчезна.

Метеоролошката канцеларија на Исланд соопшти дека тековите на лава сè уште течат, но со намалена брзина. Во јужниот дел на Исланд од синоќа е во сила вонредна состојба. Директорот на исландската цивилна одбрана Виидир Рејнисон изјави дека се што може да се направи е направено и дека сега најголема грижа е како лавата ќе влијае на инфраструктурата.

Вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд еруптираше вчера по четврти пат од декември, исфрлајќи голема количина лава во воздухот. Се верува дека ова е најсилната ерупција од декември. Луѓето беа евакуирани и од популарното туристичко место, спа центарот Blue Lagoon.