13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин тврди дека руското нуклеарно оружје е понапредно од американското

Во средата, рускиот претседател Владимир Путин го пофали нуклеарното оружје на неговата земја, велејќи дека тоа е „многу понапредно“ од американското и рече дека рускиот арсенал е секогаш „подготвен“ за нуклеарна војна.

Западот редовно го обвинува Путин дека користи прикриени закани по ова прашање, особено во врска со употребата на ова оружје во Украина.

– Нашата нуклеарна тријада е далеку понапредна од која било друга. Всушност, само ние и Американците имаме тријади, а ние направивме многу повеќе напредок – изјави Путин во интервју за руската телевизија во пресрет на претседателските избори.

– Зошто би морале да користат средства за масовно уништување? Никогаш немало потреба од тоа – рече Путин и додаде дека руската воена доктрина предвидува употреба на такво оружје само доколку е загрозен опстанокот на Русија или во случај на „напад на нашиот суверенитет и нашата независност“.

Во средата, рускиот претседател за првпат реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон од 26 февруари дека „не ја исклучува можноста за испраќање западни трупи во Украина“, велејќи дека „тоа нема да промени ништо“.

– Ако зборуваме за официјалните воени контингенти на странски земји, убеден сум дека тоа нема да ја промени ситуацијата на линијата на фронтот, исто како што не менува ништо со испраќањето на оружје – изјави Путин.

Тој ја обвини Украина за удвојни напади на руска територија со цел да се попречат претседателските избори кои се одржуваат од 15 до 17 март.

Тие напади, додаде тој, се одраз на „неуспесите на Украина на фронтот“.

Украина вели дека ќе продолжи со нападите на руска територија се додека руската армија ги бомбардира украинските градови и ја окупира нејзината територија.

Во меѓувреме, руските доброволци кои се борат за Украина ги повикаа жителите на Белгород и Курск да се евакуираат за да избегнат загуба на „животи на цивили“ при бомбардирањето на руските воени позиции.

Во интервјуто, Путин исто така рече дека влезот на Шведска и Финска во НАТО е „бесмислен чекор“ и дека Русија ќе распореди сили и оружје на финската граница откако таа земја влезе во НАТО во април минатата година.

– Тоа е сосема бесмислен чекор во однос на обезбедувањето на нивните национални интереси – рече Путин.

Спонзорирано: