13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Хаотичен ден за Русија во војна: Доаѓа во чувствително време за Путин

Украина вчера ги таргетираше руските енергетски објекти во еден од најголемите прекугранични напади со беспилотни летала и ракети досега.

Така, Украинците го прекинаа производството во голема рафинерија за нафта, додека во исто време руските партизани ја нападнаа Русија, предизвикувајќи жестоки борби.

Се урна руски воен авион
Ова беше хаотичен 749-ти ден од војната, имаше и несреќа на руски воен авион кој се урна во близина на Москва, при што загинаа сите 15 патници. Сето ова доаѓа во чувствителен момент кога Владимир Путин се обидува да проектира слика на смиреност и контрола пред претседателските избори овој викенд, според The ​​Guardian.

Украина вчера лансираше десетици беспилотни летала кон цели во Русија, од кои еден погоди нафтена рафинерија во руската област Нижни Новгород, која произведува речиси шест отсто од руската рафинирана сурова нафта, а друг погоди складиште за нафта со нафтени деривати во регионот Орол.

Доказ за растечките способности на Украина
Нижни Новгород е на речиси 1000 километри од украинската граница и се наоѓа на околу 400 километри источно од Москва. Ударот е најнов доказ за зголемената способност на Украина да гаѓа важна руска инфраструктура длабоко во руската територија.

– Специјални служби работат на лице место, кои ја користат сета потребна моќ и средства за локализирање на пожарот во една од погоните за преработка на нафта – изјави гувернерот на Нижни Новгород, Глеб Никитин на апликацијата за пораки Телеграм.

Киев го насочи својот оган кон руските рафинерии и енергетски капацитети во последните месеци, при што Русија беше принудена да го забрани извозот на бензин на шест месеци за да ги контролира домашните цени, додека недостигот се влоши со прекините на големите рафинерии.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина лансирала најмалку 25 беспилотни летала и седум проектили врз цели во близина на Москва, Санкт Петербург, Белгород, Курск, Брјанск, Тула и Ориол. Не е познато колкумина се соборени.

Спонзорирано: