12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган им порача на израелските лидери: Не можат да не спречат убијците да ги нарекуваме убијци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот го повтори својот повик за формирање независна палестинска држава, велејќи дека тоа е единствениот начин да се плати долгот на убиените палестински деца.

– Сите ние должиме на убиените палестински деца, а овој долг може да се плати само преку формирање независна палестинска држава – рече Ердоган во обраќањето пред амбасадорите во Анкара за време на ифтар, вечера во муслиманскиот месец Рамазан. .

Тој рече дека Турција ќе продолжи да ги штити палестинските браќа и во иднина, како што тоа го правеше досега, истакнувајќи дека никогаш нема да им се поклони на угнетувачите.

– Не можат да не спречат убијците да ги наречеме убијци. Израелските лидери мора да одговараат за убиените бебиња во Газа, наместо да се обидуваат да ја прикријат вистината за геноцидот – рече Ердоган и додаде:

– Тие што убиваат цивили кои чекаат ред за храна не можат ништо да ни кажат.

Тој рече дека Турција ќе продолжи да им дава поддршка на Палестинците во согласност со своите можности.

– Ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата помош преку нашите официјални институции, општини, фондации и здруженија во текот на месецот Рамазан – рече турскиот претседател Ердоган.