23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Со нож се заканувал на 18-годишник: Драма во воз во Штутгарт

29-годишен хрватски државјанин е уапсен во Еслинген, во близина на германскиот град Штутгарт, бидејќи е осомничен дека со нож се заканувал на 18-годишник.

Кај уапсениот полицијата пронашла неколку ножеви, како и помала количина на наркотици, јавува магазинот „Феникс“.

„Заканата со нож се случила во петокот вечерта околу 18 часот во возот меѓу Манхајм и Штутгарт и во возот меѓу Штутгарт и Еслинген. Според првичните информации, двајца мажи на возраст од 18 и 29 години прво вербално се судриле од непознати причини во возот на релација Манхајм-Штутгарт“, се вели во соопштението на германската полиција.

Полицијата соопшти дека мажот, 29-годишен Хрват, извадил нож од џебот и со него му се заканил на помладиот (18). Го следел во возот за Улм. Тој постојано му се заканувал со нож и го навредувал. Сведокот за се го известил возачот.

Полицијата го фатила Хрватот кога возот застанал, а при претресот пронашла помала количина на наркотици и неколку ножеви.

„Кој нож го користел 29-годишниот во овој инцидент во моментов е предмет на истрага на полицијата во Штутгарт“, се вели во соопштението на полицијата.

Спонзорирано: