15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ГЕРМАНИЈАСВЕТ

Во Германија убиен спортист од Балканот: Испукани десет куршуми, полицијата трага по сторителот

Косовскиот боксер Бесар Нимани (38) беше убиен во саботата вечерта во Билефелд, Германија.

Според германските медиуми, кон боксерот биле испукани десетина куршуми, а на местото на злосторството е констатирана смрт. Полицијата трага по сторителот или повеќе.

„Околу 18 часот, 38-годишен маж од Билефелд се шетал во центарот на градот во близина на Кунстхале. Еден или повеќе сторители ја застрелале жртвата“, изјави портпаролот на полицијата Фабијан Рикел.

Од тежината на повредите мажот починал на местото на настанот. Според очевидци, сторителите биле група мажи. Наводно, пред злосторството биле во блиското кафуле.

Радио Билефелд јавува дека жртвата излегла од фризерскиот салон, по што се слушнале истрели. Според пишувањата на локалните медиуми, БМВ-то наводно ги чекало сторителите со вклучен мотор.

Нимани е роден во Косово. Кариерата ја започна во 1998 година во Билефелд во клубот СВ Браквед.

Нимани, неговиот брат Берат (39) и пријателот (40) во 2014 година биле вмешани во расправија со маж во турски ресторан во близина на главната железничка станица во Билефелд. При расправијата Нимани со шише го удрил мажот по главата. Тогаш нападнатиот извадил пиштол и пукал.

Билд пишува дека пет лица се повредени, меѓу кои и Бесар Нимани. Во 2014 година, сторителот е осуден на 18 месеци затвор за непочитување на Законот за оружје. Судот претпоставил дека мажот дејствувал во самоодбрана, пренесува Феникс.