27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ГЕРМАНИЈАСВЕТ

Маж тешко повреден во експлозија на улица во Германија: „Имаше силен тресок и потоа видовме човек во пламен“

Во експлозија што се случила во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, утрово, околу 6.30 часот, тешко е повреден сопственик на куче.

„Повредениот мораше да биде префрлен во болница со спасувачки хеликоптер“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе „Билд“. Тој, меѓу другото, има тешки изгореници на рацете и лицето, но сè уште е нејасно како дошло до експлозијата. Локалната водителка на радиото WMW, Леа Паслик, била сведок на инцидентот.

„Сè се случи многу бргу“, рече таа.

„Имаше силен тресок. Голем број соседи се појавија на прозорците и излегоа на улица. И тогаш видовме човек што гореше, кому, се разбира, веднаш му беше укажана помош. Набргу пристигнаа многу пожарникари и полиција“, рече таа.

Полицијата го опколи просторот пред станбената зграда, а истрагата ја презеде одделението за криминалистичка истрага. Според првите информации, столарот Стефан С. (58) излегол од куќата за да го прошета своето куче јоркширски териер Мило.

Потоа видел пакет до автомобилот „форд“ и посегнал по него. Одеднаш дошло до експлозија.

„Тоа беше бомба“, му рекол подоцна на соседот, кој му притрчал на помош со вода и ќебиња.