18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
СВЕТ

Папагалска треска во Европа, сопствениците на птици изложени на ризик

Смртоносната епидемија на пситакоза, бактериска инфекција позната и како папагалска треска, ги погоди луѓето што живеат во неколку европски земји, соопшти Светската здравствена организација.

Епидемијата првично беше забележана во 2023 година и продолжи во оваа година, со потврдена смрт на пет лица.

Папагалската треска е предизвикана од бактерии од семејството на кламидија: тие се наоѓаат кај разни диви и домашни птици, како и кај живината. Инфицираните птици не изгледаат секогаш болно, но ги фрлаат бактериите преку столицата или кога дишат.

Луѓето обично добиваат папагалска треска со вдишување прашина од изметот на заразените птици, според американскиот Центар за контрола и превенција на болестите. Болеста не се шири со јадење заразени животни.