10.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев: Ќе му се одмаздиме на Западот, нека страдаат сите таму

Поранешниот руски претседател, а сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ги осуди новите санкции наметнати на Москва и вети остар одговор.

– Се навикнавме на нивните бескрајни ограничувања и научивме да живееме со нив – рече тој преку Телеграма откако администрацијата на Бајден објави санкции за повеќе од 500 руски цели.

Медведев истакна дека санкциите „повеќе не се насочени против властите или компаниите во земјата“.

Тој додаде дека, што се однесува до Западот, „сите нека страдаат таму. Само треба сите да се сеќаваме на тоа и да им се одмаздиме каде што можеме“.

– Тие се наши непријатели. Тие спроведуваат други активности на нивната територија за кои вообичаено не се дискутира јавно. Војната е војна, а во оваа војна победата ќе биде наша – рече Медведев.