25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

УХМР со нови најави за времето – Метецентар со детална прогноза за следните 4 дена

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер.

Прогноза за 27.02.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој во североисточните делови ќе засилува.

Прогноза за 28.02.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 17°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Преку ноќта ќе ќе започнат повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 29.02.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 15°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: