15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Стапките на вакцинација против корона и грип се неверојатно ниски

Ниските стапки на вакцинација против најновите видови на ковид-19 и грип вршат притисок врз здравствените системи оваа зима, изјавија за Ројтерс највисоките претставници на јавното здравство.

Во САД, неколку европски земји и други делови од светот, во изминатата недела е зголемен бројот на хоспитализации поврзани со респираторни инфекции.

Стапките на смртност кај постарите лица исто така се зголемија во некои региони, но далеку под врвот на пандемијата на Ковид-19.

Шпанската влада повторно ја воведе обврската за носење маски во здравствените установи, како и некои болници во САД.

– На многу луѓе им треба сериозна медицинска нега за грипот, за ковид-19, а ние можеме да го спречиме – рече Марија Ван Керхове, привремен директор на Светската здравствена организација за подготвеност за епидемии и пандемии.

Таа предупреди на „неверојатно ниски“ стапки на вакцинација против грип и Ковид-19 во многу земји оваа сезона, додека светот се обидува да ја надмине пандемијата и сите ограничувања.

За владите е предизвик да укажат на ризиците што сè уште ги носи Ковид-19, како и на придобивките од вакцинацијата од мај минатата година кога беше прогласен крајот на пандемијата, велат експертите за заразни болести и здравствените власти.

Само 19,4 отсто од возрасните во САД ја примиле оваа сезона вакцина против Ковид-19, според Центрите за контрола на болести на САД (ЦДЦ) и Националното истражување за имунизација на превенција, и покрај препораката сите возрасни да добијат нова доза за заштита од сериозни симптоми на болеста. .

„Луѓето сè уште не сфаќаат дека Ковид-19 е сè уште посериозна болест од грипот“, рече директорот на ЦДЦ Менди Коен во интервјуто.

Во декември минатата година на глобално ниво се пријавени 850.000 нови случаи на ковид-19 и 118.000 хоспитализирани, што е зголемување за 52 отсто и 23 отсто во однос на ноември, објави СЗО, предупредувајќи дека реалните бројки се веројатно поголеми.

Спонзорирано: