20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Маричиќ: Блокадата на нашата држава има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

„Мислам дека национализмот ќе биде присутен во кампањата и веќе е присутен. Според мене, тоа е силен инструмент на слабите политички опции, кои немаат што да понудат и кои се кријат зад националистичката идеја, бидејќи немаат ниту сила, ниту храброст, да им одговорат на сопствените гласачи како ќе ги решат проблемите, како ќе ја решат нашата пречка кон Европската унија која денес може многу едноставно да ја завршиме. Нашата пречка денес е додавање на неколку заедници во Уставот по мерка која веќе ја имаме направена во 2001 година. Зарем навистина за тоа вреди да се блокира нашата иднина?“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричич во интервју за Цивил Медиа.

Тој посочи дека блокадата на нашата држава има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Како и дека тоа треба да се повторува не заради ВМРО-ДПМНЕ, туку заради нас, затоа што целиот свет и цела Европа, за жал, смета дека сега ние сме на потег.

„Имаме предлог што ни го заштити јазикот и идентитетот, имаме предлог што ни ги отвори преговорите. Ние веќе повеќе од една година преговараме и сега сме во една точка кога треба или да продолжиме, или да застанеме. ВМРО-ДПМНЕ во овој момент одлучува дека треба да застанеме.Јас мислам дека има сили и на десната страна од спектарот кои ја сфаќаат сегашната ситуација, кои ќе треба во еден момент да се охрабрат за во интерес на државата конечно да ги потврдиме нашите стратешки приоритети. А национализмот е најголем непријател на нашата стратешка определба за членство во Европска Унија,“рече Маричиќ.

Тој истакна дека национализмот секогаш нè дефокусира и од реформите, и од бројните обврски кои произлегуваат од преговорите со ЕУ, и од реформирање на нашиот економски пазар, и од отворање на пазарот за многу можности кои до сега ги немало, и од користење на европски фондови кои досега не сме имале можност да ги користиме, и од сè она што живот значи за секој наш граѓанин. Безбедноста и стабилноста секако.
„Можеби пред пет години членството во НАТО не ни изгледало толку значајно, но денес гледаме што значи да сте на безбедната страна на границата. Гледаме на какви страдања е изложена Украина, гледаме како држави како Финска и Шведска, високо развиени демократски држави, кои со векови имале политика на неутралност, денес ја преиспитуваат таа политика на неутралност и бараат членство во НАТО, а ние сме веќе таму. Тоа значи дека сме направиле вистински избор,“порача Маричиќ.