20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Граѓаните знаат што сакаат, членство во Европската Унија и трансформација на државата во европска развиена држава

„Државите кои знаат што сакаат и се цврсто определени за исполнување на стратешките цели, се подготвени на пожртвуваност, дури и кога тоа не е едноставно. Сигурно не било едноставно, ни за Шведска. Јас сум бил повеќе пати таму, имам редовна комуникација со политичари од Шведска и знам дека не е едноставно, особено некои принципиелни работи да ги промените. Но тие го направија тоа, бидејќи навистина знаат што сакаат“,рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричич во интервју за Цивил Медиа во врска со уставните измени коли ги направи Шведска за да влезе во ЕУ.

Тој изрази убедување дека мнозинството граѓани знаат што сакаат. Тоа е членство во Европската Унија и трансформација на државата во насока на тоа како изгледаат денес европските развиени држави.

„Треба ли да ги даваме за пример Бугарија, како изгледала пред 25 години, а како изгледа денес, Романија, Хрватска итн. Тоа се држави што се успешни приказни за успешна транзиција, кои денес успешно се справуваат со сè, и со национализмот, и со корупцијата, и со дезинформациите. Штети има, но имаат и механизми за нивно решавање,“рече Маричиќ.

Тој посочи дека за да не дојде до тоа да останеме надвор од тој систем, да не се враќаме кон некои приказни и концепти закопани во 90-те или по 90-те, како и да не се враќаме повторно кон тоа и да нудиме на младите луѓе секој ден порција национализам, наместо да им нудиме порција на развој и иднина.