Во израелската копнена инвазија на Појасот Газа загинаа 18 војници, меѓу кои и потполковникот Салман Хабака.
Тој е највисокиот офицер кој загинал во оваа инвазија. Станува збор за 33-годишен маж, кој загинал на северот на Појасот Газа, соопшти израелската армија (ИДФ).
За време на борбите меѓу копнените сили на ИДФ и припадниците на Хамас, Хабакук ја предводеше својата оклопна единица додека ги покриваше војниците на бригадата Голани.
Повеќе од 300 израелски војници се убиени од почетокот на конфликтот, а 18 загинаа во копнената инвазија.
Израелската армија соопшти дека постигнала напредок длабоко во градот Газа во северниот дел на Појасот Газа и дека е блиску до пресекување на Појасот Газа на два дела.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...