22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Нови пресврти со времето – Метеоцентар ја објави деталната прогноза за следните 4 дена

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник.

Прогноза за 13.05.2024
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 15.05.2024
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.