5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

ЈУ “УНИВЕРЗАЛНА САЛА“ СКОПЈЕ остро ги демантира наводите и дезинформациите објавенина неколку медиуми

Соопштение на ЈУ “УНИВЕРЗАЛНА САЛА“ СКОПЈЕ

ЈУ “УНИВЕРЗАЛНА САЛА“ СКОПЈЕ остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска (02.11.2023 година) на неколку медиуми а во врска со губење на титулата на Град Скопје како Европска Престолнина на Културата за 2028

Сакаме да нагласиме дека носител на проектот е културната установа Универзална сала која е под надлежност на Град Скопје, додека објектот кој е во фаза на реконструкција е тој што е дел од договорот помеѓу Град Скопје и Министерството за култура.

Секако реконструкцијата на Универзалната сала е значајна за реализација на манифестации на дел од програмата, но не може да се минимизира значењето на сите други културни институции што ќе бидат вклучени во реализацијата на овој исклучително важен проект и за Градот и за државата.

Во врска со засилените шпекулации, кои деновиве се изнесуваат во медиумите, околу понатамошната постапка за реконструкција на Универзалната сала, согласно информации од Град Скопје, сакаме да го потенцираме фактот дека со Министерството за култура е веќе договорена работна средба на која со заеднички консултации ќе се прецизира содржината на договорот за примопредавање.

Програмата „Културата над поделбата“ со која конкуриравме и ја добивме оваа престижна титула е спој на многубројни проекти коишто го претставуваат богатото културно наследство на Скопје, а ќе ги промовираат минатото, сегашноста и иднината на нашиот град беа пресудни Европската комисија да ни ја додели организацијата на ЕПК2028. Универзална сала како инфраструктурен проект не може биде причина да се изгуби титулата.

Спонзорирано: