Генералното собрание на ОН вечерва одобри резолуција, предложена од Јордан, со која се повикува на хуманитарно примирје во конфликтот меѓу Израел и Газа.
Резолуцијата беше усвоена со 120 гласа „за“, 14 „против“, вклучувајќи ги Израел и САД, додека 45 беа воздржани.
Резолуцијата повикува на итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што би довело до крај на непријателствата.
Исто така, се повикува на итен, целосен, континуиран, безбеден и непречен хуманитарен пристап за ОН и другите хуманитарни агенции.
Резолуцијата не е обврзувачка, но има политичка тежина.
Генералното собрание гласаше откако Советот за безбедност не презеде акција четири пати во изминатите две недели.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...