14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Германија: Во Келн уништена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Уништена е неексплодирана бомба од Втората светска војна, која беше откриена во близина на реновираното средно училиште „Кројцгасе“ во Келн, Германија.

Градската управа на Келн соопшти дека се евакуирани 5.400 луѓе кои живеат во областа. Тие се вратија дома откако беше уништена бомбата.

Бомбата била пронајдена за време на градежни работи во близина на средното училиште Кројцгасе.

Во Германија останаа многу неексплодирани бомби од Втората светска војна, некои од нив во населени места.

Овие бомби се деактивираат од експерти на контролиран начин.

Спонзорирано: