10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пред десет години во близина на Лампедуза се удавија 366 мигранти

Пред зори на 3 октомври 2013 година, брод што ја напушти Либија со речиси 550 мигранти, главно од Еритреја, се преврте кај брегот на италијанскиот остров Лампедуза. Рибарите и спасувачите успеале да спасат 155 мигранти, а од морето извлекле 366 мртви тела.

Додека многу несреќи во Средоземното Море пред или оттогаш не оставија некаква трага, сликите од стотици ковчези во хангар на аеродромот го обиколија светот и поттикнаа серија мерки за спасување на мигрантите во морето кај Либија.

Лампедуза се уште има огромни проблеми со доаѓањето на мигрантите. Годинава речиси 127.000 од нив пристигнале во Италија до средината на септември, што е речиси двојно повеќе од истиот датум минатата година. Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја повика Европската унија да се приклучи на поморската мисија за да ги спречи мигрантите да пловат преку Средоземното Море од Северна Африка. Таа рече дека ќе преземе строги мерки како одговор на зголемувањето на бројот на мигранти.

Италијанската крајбрежна стража пред неколку дена спаси 177 лица, меѓу кои 27 членови на екипажот, од траект што се запали на пат од Лампедуза кон Порто Емпедокле на Сицилија. Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти кои биле префрлени од Лампедуза. За време на спасувањето, крајбрежната стража употреби водени млазови за да ги лади деловите на траектот погодени од пожарот што избувна во машинскиот простор.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е одлучено Германија да продолжи да прифаќа мигранти и бегалци кои пристигнуваат во Италија, додека Франција нема да прима баратели на азил.

„Би било погрешна пресметка да се мисли дека, бидејќи мигрантите пристигнуваат во Европа, тие мора веднаш да бидат распределени низ Европа и Франција, што веќе прави доволно“, рече францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Според медиумите, Франција ќе формира нов привремен прифатен центар за мигрантите и бегалците кои пристигнуваат преку границата со Италија. Новиот објект треба да биде лоциран во Ментон, со капацитет до 200 луѓе дневно.

Спонзорирано: