17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 60 ученици хоспитализирани поради бонбони од канабис

Повеќе од 60 ученици од основни училишта се хоспитализирани во Јамајка по јадење бонбони со канабис, соопштија локалните власти.

Министерката за образование и млади на Јамајка, Фајвал Вилијамс, изјави за Си-ен-ен, повикувајќи се на информации добиени од лекарите, дека ниту едно од 60-ината хоспитализирани деца на возраст од 7 до 12 години не е во критична состојба.

По јадењето бонбони со канабис, децата почнале да повраќаат и да халуцинираат, објави Вилијамс на платформата „Икс“ („Твитер“).

„Повеќе од 60 основци мораа да бидат хоспитализирани. Едно момче рече дека јадело само една бонбона, толку е силен производот. Родители, внимавајте!“, напиша Вилијамс.

Таа објави фотографија од бонбоните завиткани во пакување во боја на виножито.

Во пакувањето е наведено дека производот содржи делта-8 тетрахидроканабинол, познат како делта-8 ТХЦ, психоактивна супстанција, која се наоѓа во растението канабис сатива, чии видови, според веб-страницата на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), се марихуана и коноп.

Според Американската агенција, има психоактивни и опојни ефекти.

Министерката објави и фотографија од пакувањето на бонбоните, на кое се гледа владиното предупредување на задната страна: „Да се ​​чува подалеку од дофат на деца“ и дека не е наменета за употреба од лица помлади од 21 година.

Во Јамајка, од 2015 година, употребата на канабис е декриминализирана за лица постари од 18 години доколку поседуваат 56 грама или помалку и тоа се третира како полесен прекршок.

Спонзорирано: