14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Прв случај на омикронската подваријанта Ерис потврден во Србија

Институтот за јавно здравје на Војводина го потврди првиот случај на омикронската подваријанта ЕГ.5 наречен Ерис.

Светската здравствена организација ја уверува јавноста дека вирусот не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува посериозни форми на болест.

Мутациите Ерис и Форникс веќе се широко распространети во Америка, Кина, Јужна Кореја, Португалија и Шпанија.

Експертите укажуваат на претпазливост, а граѓаните велат дека не би сакале овој злобен вирус повторно да се врати, известуваат српските медиуми.

Спонзорирано: