23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТ

Седум години земал и плата и награди, а не работел: бизарен случај на занаетчија од Хрватска кој треба да плати казна

Човек кој бил вработен како мајстор во дом за деца во Загреб не доаѓал на работа седум години и за тоа време ја земал целата плата сега ќе треба да му плати на работодавачот вкупно 137.000 евра оштета, одлучи судот.

По неколку опомени од работодавачот кој бил незадоволен од неговата работа, надзорникот наместо да се поправи, ја тужел институцијата каде што работел тврдејќи дека бил сексуално вознемируван и дискриминиран по разни основи.

Настанот се случил уште во ноември 2012 година, кога мајсторот престанал да доаѓа на работа, а работодавачот му исплатил целосна плата и бонуси за седум години, до декември 2019 година.

Според хрватскиот портал „Даница“, во тој период му биле исплаќани просечни месечни бруто износи од околу 10.700 куни.

Бидејќи не успеал да докаже на суд дека неговиот работодавец сексуално го вознемирувал, омаловажувал, потценувал и дискриминирал, судот ја отфрлил тужбата на мајсторот во октомври 2019 година. Откако по седум години се појавил на работа, добил отказ и тоа тој го смета за неоправдано и повторно ја тужел компанијата.

Во исто време, Домот го тужел занаетчијата затоа што одбил да ги врати парите што му биле исплатени како плата за седумте години кога не се појавил на работа.

Судијата неодамна одлучи дека човекот мора да му плати на својот поранешен работодавец повеќе од 1 милион куни, односно околу 137.000 евра: 119.000 евра за бруто плата и 18.400 евра за судски трошоци.

Пресудата не е правосилна и мажот може да ја обжали. Доколку загуби, вкупната отштета би можела да достигне сума од 150.000 евра, пренесува медиумот.