18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот меѓу селата Селемли и Стојаково

РЦУК – Струмица извести дека шумскиот пожар помеѓу селата Селемли и Стојаково, местото наречено Стара караула Ѓопчел, што почна вчера околу 18 часот, е локализиран и ставен под контрола.

Како што соопшти РЦУК – Струмица, таму горела мешана шума.

Седум вработени од ЈП НШ ПШС Кожув се на терен и вршат контрола, додаваат од РЦУК – Струмица.