23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија во Бразил: Најмалку четири лица загинаа, 30 се повредени во експлозија во фабрика

Во експлозија во фабрика за метал во бразилската држава Сао Паоло, четири лица загинаа, а најмалку 30 се тешко повредени, соопштија властите.

Десетици противпожарни и спасувачки екипи се испратени на местото на експлозијата во градот Кабрева, изјави на социјалните мрежи гувернерот на Сао Паоло, Тарцисио де Фреитас.

Кабрева се наоѓа на околу 90 километри северозападно од градот Сао Паоло. Снимките од бразилските ТВ станици покажуваат дека фабриката била целосно уништена во експлозијата.

Локалните медиуми јавуваат дека експлозијата била предизвикана од прегревање на опремата. Болниците во околината се предупредени дека е можен голем прилив на повредени лица.