11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД: Украинците прават тежок, но значителен напредок на југот

Украинските сили постигнаа значителен напредок на силно утврдените руски позиции на југ, соопшти американската влада.

Портпаролот за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека е постигнат напредок во изминатите 72 часа јужно од Запорожје.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека нивните сили напредуваат, но дека тоа е тешка борба.

Русија тврди дека освоила стратешки точки во близина на градот Купијанск во североисточна Украина.