11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Затворање на 150 училишта во Велика Британија, наредило министерството за образование

Британското Министерство за образование соопшти дека наредило делумно или целосно затворање на повеќе од 150 училишта поради опасност од уривање на зградите.

Ризикот од рушење постои затоа што за изградбата на зградите се користел автоклавен газобетон (RAAC), пренесува „Sky News“.

„Неодамнешните случаи на рушење ја намалија нашата доверба дека училиштата градени на таков начин се безбедни“, се вели во соопштението на британското Министерство.

Експертот за градежни материјали Ворен Томас предупредува дека голем број училишта се загрозени, покрај оние на кои им е наредено да се затворат.

На прашањето зошто „RAAC“ се користи во изградбата на училиштата, Томас рече дека тоа е евтин градежен материјал.

„Тоа беше само поевтин тип на градба“, рече тој.

Еден од родителите изјави за „Sky News“ дека биле предупредени дека овој проблем би можел да трае до 2025 година и дека можеби ќе треба да се смени локацијата на училиштето во кое оди неговото дете.

Тој изјави дека родителите биле информирани по е-пошта 48 часа пред да биде пронајден „RAAC“ во некои делови од училишните згради.