Неколку патни тунели се поплавени, а трамвајскиот сообраќај е во прекин откога утринава силен дожд го зафати Брисел, јави новинската агенција „Белга“.
Два тунела, еден во центарот на градот и еден на југ, беа затворени поради поплави. Третиот тунел, кој е дел од централната обиколница на главниот град на Белгија, е привремено затворен.
Во прекин е и трамвајскиот сообраќај на североистокот на градот. Белгискиот кралски метеоролошки институт (IRM) издаде предупредување за обилни дождови за речиси целата земја.
Спонзорирано: