23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија не планира да почне меѓународна истрага за падот на авионот со Пригожин

Русија ги известила бразилските истражни воздухопловни власти дека не планира меѓународна истрага за падот на авионот „ембраер“ од бразилско производство, во кој загинаа шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и други функционери на оваа платеничка група, пренесуваат медиумите во регионот.

Авионот на Пригожин, кој летал од Москва до Санкт Петербург, не покажал никакви проблеми до последните 30 секунди од летот кога почнал бргу да ја губи висината.

Освен Пригожин, во авионот биле и Валери Чекалов, кој исто така беше погребан, Дмитриј Уткин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Николај Матусеев и тројца членови на екипажот.

Бразилскиот центар за истражување и спречување воздухопловни несреќи (ЦЕНИПА), во интерес на подобрување на безбедноста на воздухопловството, соопшти дека ќе се вклучи во истрагата што ја води Русија доколку биде поканет и доколку истрагата се води според меѓународните правила.

Од руските воздухопловни власти не се бараше да се согласат на заедничка истрага, но некои поранешни истражители рекоа дека треба бидејќи американските и другите западни влади се сомневаат дека Кремљ стои зад авионската несреќа на 23 август.

Пригожин умре два месеца по бунтот на „Вагнер“ и краткотрајниот „Марш кон Москва“, кој го почна оваа воена формација незадоволна од соработката со руското Министерство за одбрана.