16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Глутница бесни кучиња бркаат момче на плажа во Русија: тоа панично бега додека тие му ги гризаат нозете

Момче е тешко повредено кога било нападнато од глутница кучиња на плажата во Махачкала.

Малото момче, чиј идентитет не се открива, е снимено како бега од десетина кучиња, кои додека трчаат му ги гризеле нозете.

Грозоморниот напад се случил на 28 август, а се е снимено од случајни минувачи кои биле на патот над плажата, пренесуваат медиумите.

Детето се сопнало додека се обидува да избега од глутницата. Во следниот момент момчето истрчува во водата надевајќи се дека кучињата нема да го следат. Токму овој потег му го спасил животот.

Детето е хоспитализирано по нападот.

Како што се наведува во написите, надлежните излегле на терен за да ги фатат кучињата од глутницата. А по вакцинацијата и стерилизацијата, кучињата ќе бидат пуштени повторно на улица.

Спонзорирано: