16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија на автопат во Германија, има загинати: се судрија 5 камиони, едниот превезувал опасна материја

Најмалку две лица загинаа во судар на камиони на автопат во Германија во близина на градот Магдебург.

Инцидентот се случил кога возачот на камион, кој превезувал опасни материи, удрил во три камиони, а потоа во нив удрил петти камион натоварен со контејнери под висок притисок полни со азотен оксид.

По несреќата, следувала верижна реакција: од сударот се запалиле камионите, а пламенот се проширил и на транспортот на опасни материи. Експлодирале плинските боци, кои биле натоварени на еден од камионите.

Возачите почнале да бегаат од местото на несреќата.

„Неколку возила, кои се приближувале до местото на несреќата, се оштетени од отпадот. Судирот резултирал со брз развој на пожар и ширење на пламенот“, изјави портпаролката на полицијата.

„Билд“ пренесува дека полицијата долго време не можела да се приближи до местото на несреќата бидејќи било премногу опасно. Дури неколку часа по несреќата, спасувачките служби успеале да се приближат до местото на несреќата и да почнат со спасување.

„Во несреќата загинаа најмалку двајца возачи на камион. Друг возач на камион, кој учествуваше во инцидентот, е повреден“, соопшти полицијата.

Се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми, пренесуваат локалните медиуми.

Спонзорирано: