16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос на железничка станица: речиси 500 патници останаа заглавени во возот од Брисел до Амстердам

Речиси 500 патници пет часа останаа заглавени во возот од Брисел до Амстердам во близина на Антверпен поради технички дефект.

Инцидентот се случил синоќа, а патниците биле извадени од возот околу полноќ, јавува холандската ВРТ.

Според информациите, станува збор за воз на Бенелукс, кој сообраќа од Брисел за Амстердам, а портпаролот на НМБС, Димитри Темерман, вели дека при поправката настанал дополнителен технички проблем поради што е одлучено да се евакуираат патниците.

Се додава дека околу 23 часот пристигнал друг воз, кој ги прифатил патниците.

Спонзорирано: