14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Авионската несреќа во која загина Пригожин може да биде намерно предизвикана, соопшти Кремљ

Кремљ соопшти дека истрагата за авионската несреќа, во која минатата недела загинаа водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и уште деветмина, ја вклучува можноста таа да била намерно предизвикана.

„Очигледно е дека се разгледуваат разни верзии, вклучително и верзијата – знаете за што зборуваме – да речеме, намерно злосторство“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков исто така рече дека истрагата за авионската несреќа е руска истрага и дека не може да стане збор за меѓународна истрага.

Спонзорирано: