17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Маричиќ: Ескобар ја пренесе пораката дека е важно за САД да се искористи моментот оваа година

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека на средбата со заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар било разговарано за силната поддршка што ја даваат САД за членство на Северна Македонија во ЕУ.

-Тоа тој го повтори неколку пати на прес конференцијата, ни нагласи колку е важно токму овој момент да се искористи оваа година и желбата, волјата на ЕУ да направи пакет за проширување со неколку држави, колку е битно за САД, а ние пак објаснивме колку е битно за граѓаните на Северна Македонија ние како држава да влеземе токму во овој пакет и дека чекањето не е стратегија, дека чекањето .. подобри времиња и очекувањето дека ќе преговараме нови услови не е стратегија која што може да ја однесе државата таму каде што сакаме, туку напротив, стратегија е која би ја испразнила државата од млади луѓе, би ја убил надежта за европска иднина и би наставела на категорија со Косово и Босна и Херцеговина, кои се држави со системски проблеми и нерешени прашања, рече Маричиќ.

Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање во вестите на Сител телевизија, кажа дека САД поддржуваат слободни изјаснување на сите пратеници без разлика од која партија доаѓаат.

-Ако внимателно слушнете ќе видите во пораките дека се инсистира дека поддршка на овој процес на уставни измени не значи поддршка на владата на СДСМ на ДУИ и останатите и на премиерот Ковачевски, туку напротив, дека значи поддршка на државата и дека ќе покажаме една зрелост дека партиите може да се согласат кога се работи за суштински и важни одлуки, да се согласат да гласат напред, ние го нудиме тој план, да гласаме веднаш под услови под кои што ВМРО-ДПМНЕ бара, но да бидат реални, да не влегуваме на нереални условувања за тоа што би направила Бугарија, што би направила ЕУ, кажа Маричиќ.

Спонзорирано: